Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска нов странски инвеститор го објавува влезот во Македонија

Денеска нов странски инвеститор го објавува влезот во Македонија

„Герешајмер“ денеска ќе објави дека влегува како странски инвеститор во Македонија со изградба на нов капацитет во индустриските зони. 

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вчера откри дека оваа компанија ќе откупи 200 хектари земјиште за својата локација. Освен нови вработувања и вожувања, од инвестицијата се очекува додадена вредност и на полето на кадарот во Македонија бидејќи ангажираните работници ќе стекнат големо искуство, работејќи со високотехнолошката опрема.

„Герешајмер“ беше поканет да инвестира во Македонија пред десет месеци. Станува збор за германски лидер во производството на пластични и стаклени софистицирани пакувања за потребите на медицинската и фармацевтската индустрија. Има производствени капацитети во 15 земји во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка, а согласно деловниот план планира отворање уште една фабрика.

Компанијата „Герешајмер“ управува со околу 50 производствени капацитети во 15 земји, во кои работат околу 10.000 лица, а остварува годишен приход околу 1,3 милијарди евра.

Странските инвестиции во 2018 година во Македонија изнесуваа 625 милиони евра.

Слично

Поврзани вести