Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска нема да се избере понуда за јагленот за РЕК Битола, продолжува постапката

Денеска нема да се избере понуда за јагленот за РЕК Битола, продолжува постапката

Денеска нема да се одбере кој понудувач ќе го снабдува РЕК Битола со 900.000 тони јаглен за надминување на енергетската криза со зголемување на домашното производство. Од АД ЕСМ велат дека и натаму течат процедурите на евалуација, по отворањето на понудите, а за одлуката ќе се чека уште една недела.

„АД ЕСМ ги спроведува процедурите од јавната набавка на јаглен за РЕК Битола. Сите пристигнати понуди се испратени на техничка евалуација која опфаќа проверка на доставената техничка документација, проверка на сертификатите за квалитет и лабораториска анализа на доставените  пробни количини јаглен.

По завршување на оваа фаза, следува економско-финансиска евалуација на понудите, по што ќе биде донесена одлука за избор на економски оператор/и. Се очекува одлуката да биде реализирана до крајот на следната недела“, велат од таму.

Од „Електрани“ велат дека понудите ги задоволуваат бараните количини од 900 илјади тони јаглен за третиот блок на РЕК Битола, со континуирана месечна и дневна испорака која е обврска на економскиот оператор, а со динамика одредена од страна на АД ЕСМ.

„Јагленот од 900 илјади тони кој е предмет на оваа набавка е наменет само за дополнително производство, за потребите на фирмите и државните институции, со цел за нив да се обезбеди електрична енергија по цена пониска од моменталните цени на берзите, од каде овие субјекти се снабдуваат“, 



Слично

Поврзани вести