Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска на пладне опозицијата на протест, автомобилска колона ќе се движи низ Скопје

Денеска на пладне опозицијата на протест, автомобилска колона ќе се движи низ Скопје
Со колона автомобили кои денеска напладне ќе се движат ни Скопје, опозицијата ќе продолжи отпорот и изрази револтот поради политичката криза во земјава. Колоната автомобили предводени од лидерите на опозицијата во 12 часот ќе појде од пред салата „Јане Сандански“ и ќе се движи кон Ново Лисиче, од таму ќе се приклучи на булеварот „Јане Сандански“ и ќе продолжи во насока на Народна банка на Македонија. Караванот продолжува покрај „Црвен крст“ и врти во правец на Собранието на Република Македонија. Од таму покрај гимназијата „Јосип Броз Тито“ кон „Теодосије Гологанов“, колоната ќе продолжи се до „Порта Влае“. Колоната продолжува по „Партизански одреди “ до Соборниот храм и се вози до Владата. Од „Сојузот за иднината“ велат дека ова ќе се случува и во наредните седум дена. Тие посочија дека отпорот ќе трае се додека не се врати легитимитетот на институциите, погазен на 24 декември, а излез гледаат само во предвремените парламентарни избори.
Слично

Поврзани вести