Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска летни температури

Денеска летни температури
Метеопро: Сончево и топло. Максимални 32°С

Прекрасно сончево и топло време не очекува денеска. Речиси без ветер ќе помине денот во поголем дел од Македонија, а и онаму каде што ќе го има ќе биде многу слаб. Температурниот максимум  во најголем дел од земјава ќе биде во пораст за разлика од вчера за околу 2°С. Долж Повардарието температурата ќе достигне максимални 28°С на север, а на југ во Гевгелија  32°С  Во котлините од источниот дел на земјава до максимални 30°С, а во Пелагонија до 28°С. Во Охрид и Преспа до максимални 27°С. На повисоките места во западниот дел од земјава температурата ќе достигне максимални 23°С, а во источните до 27°С.

Во Скопје ќе имаме сончево време со многу слаб ветер. Максималната температура  ќе достигне до 28°С. детална анализа на метеопро
Слично

Поврзани вести