Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска ќе дознаеме кои снабдувачи сакаат да ни носат струја по домовите

Денеска ќе дознаеме кои снабдувачи сакаат да ни носат струја по домовите

Денеска македонските домаќинства и претпријатија че дознаат кои се конкурентите кои ќе се борат да го добијат еклсузивното право на универзален снабдувач со електрична енергија согласно либерализацијата на пазарот со струја.

По завршувањето на повикот од страна на Регулаторната комисија за енергетика, денеска комисијата ќе изврши јавно отворање на понудите во 15 часот во Медија центарот на Владата.

Се очекува, според гласините, главни конкуренти да бидат ЕВН Македонија и ЕДС, компанијата која е откупена од грчкото електростопанство а претходно беше во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Технички, да конкурираат би можеле да конкурираат осум снабдувачи со електрична енергија кои активно продаваат на потрошувачи, но до тогаш не е познато дали и колку од нив ќе се пријават.

Овој тендер е дел од процесот за целосна либерализација на пазарот на електирична енергија, со која и домаќинствата и малите фирми ќе можат да изберат која компанија ќе ги снабдува со струја. Досега таква привилегија имаа само поголемите компании.

Универзалниот снабдувач ќе биде должен да го опслужува секој корисник што нема да излезе на слободниот пазар. Односно секое домаќинство ќе може да бира од која компанија ќе купува струја за своите потреби, а ако не направи избор, тогаш струја ќе добива од универзалниот снабдувач. 

Главните критериуми за избор се: фирмата да има капитал од 20 милиони евра, искуство во дејноста и способност за испорака на сметки, а пресудна ќе биде цената што ќе ја понудат за маржата за покривање на нивните трошоци. Изборот треба да заврши до крајот на годинава, а универзалниот снабдувач да почне со работа од 1 март.

До назначување на новиот универзален снабдувач таа обврска ќе ја врши ЕВН Македонија со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето со електрична енергија на сите потрошувачи и согласно Законот за енергетика.


Слично

Поврзани вести