Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска ќе се одржат три седници на собраниски комисии

Денеска ќе се одржат три седници на собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт  ќе го разгледаат предлог-законот за дополнување на Законот за иновациска дејност во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за царинската тарифа во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство  е предлог-законот за изменување на Законот за шумите во второ читање, поднесен од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Марјанчо Колевски и Соња Талевска. Членовите на оваа Комисија ќе расправаат и по предлог-законот за водостопанство, предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделски задруги и предлог-законот за изменување на Законот за хидрометеоролошка дејност, сите во прво читање.

Слично

Поврзани вести