Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска ќе се одржат четири седници на собраниски комисии

Денеска ќе се одржат четири седници на собраниски комисии

Денеска ќе има седници на кои ќе расправаат четири комисии во Собранието на Република Македонија за предлог-закони во прво читање.

Предлог-законот за дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција во прво читање ќе биде пред членовите на собраниската Комисија за здравство, а Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта.

Во прво читање е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, кој е на дневен ред на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност.

Комисијата за економски прашања на дневен ред ги има предлог-законите за дополнување на Законот за техничката инспекција и за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат.

Слично

Поврзани вести