Денеска Груевски на средба со Столтенберг
По ветото од Грција во Букурешт во 2008 година, ставот на Северноатлантската алијанса е јасен - Македонија ќе добие покана за членство веднаш штом се реши спорот за името.
Денеска премиерот Никола Груевски ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопштија од седиштето на Алијансата во Брисел. По средбата, Груевски и Столтенберг ќе имаат заедничка прес конференција.
Ова ќе биде прва средба на Груевски со генералниот секретар на НАТО, кој го обиколи регионот, но сеуште не дојде во посета на Република Македонија.
Се очекува Груевски и Столтенберг да разговараат за придонесот на Македонија во мисиите на Алијансата, како и за актуелната политичка ситуација во земјава.
Слично
