Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕНЕСКА Е ЗАДУШНИЦА – Ден за сеќавање на починатите

ДЕНЕСКА Е ЗАДУШНИЦА – Ден за сеќавање на починатите

Православните верници денеска ја одбележуваат Задушница или ден на мртвите.

Во црквите се служи парастос, а потоа верниците ги посетуваат гробовите на починатите блиски.

Оние кои имаат блиски починати уште од рано утро ќе ги посетат нивните вечни почивалишта и за да им оддадат почит. Се пали свеќа и се раздава храна за душата на покојните. Се принесува вино, цреши, пченица и гранчиња од орев.

Денеска не се работи, чисти, пере, ниту пак се работи во поле.

Постојат четири задушници во годината. Летните се споени до Духовден, есенски, пред Велигден и во зима.

Верниците често ги мешаат Задушница и Духовден, кој се паѓа во недела. Духовден е денот роденден на црквата, денот во кој Светиот Дух се симна на апостолите 50 дена по воскресението. На Духовден се случи симнувањето на Светиот Дух, токму според Христовото ветување, и оттогаш црквата ја започна својата мисија.

Слично

Поврзани вести