Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска е вториот уписен рок за упис во средните училишта

Денеска е вториот уписен рок за упис во средните училишта

Денеска е вториот уписен рок за упис во средните училишта.

Како што соопштуваат од Минстерството за образование и наука слободни места за вториот уписен рок има за вкупно 20.089 ученици од кои, 13.347 слободни места за настава на македонски наставен јазик, 5.969 за настава на албански наставен јазик, 739 слободни места за настава на турски наставен јазик и 34 слободни места на српски наставен јазик.

 - Слободни места за вториот уписен рок има за вкупно 20.089  ученици од кои, 13.347 слободни места за настава на македонски наставен јазик, 5.969 за настава на албански наставен јазик, 739 слободни места за настава на турски наставен јазик и 34 слободни места на српски наставен јазик, истакна министерот Адеми.

Согласно струката, во гимназиите има 5. 127 слободни места, а во стручното образование за осмоодделнците се достапни 14 818 слободни места. Во уметничко образование за 107 слободни места од кои 69 за ученици на македонски наставен јазик и 38 за ученици на албански наставен јазик. За настава на македонски јазик во спортската гимназија има 37 слободни места.

- Би сакал да апелирам до сите осмоодделенци да изберат некоја од струките во стручното образование, бидејќи се поголем број компании бараат добро оспособен и едуциран стручен кадар, кој може да одговори на предизвикот на брзиот развој на технологијата, потенцираше министерот Адеми.

Слично

Поврзани вести