Денеска договор помеѓу Бугарија, Македонија и Албанија за железничко поврзување
Денес ќе се потпишува договор за соработка меѓу Бугарија, Македонија и Албанија за развој на железничкиот коридор од Црното Море до Јадранот, објави бугарската новинска агенција БТА.
Денес, за прв пат ќе се одржи трипартитна средба на високо ниво со претставници на Националната железничка инфраструктурна компанија (NRIC), Македонски железници - Инфраструктура и Албански железници.
Директорот на МЖ Инфраструктура, Хари Локвенец, претходно најави дека конечно после речиси 30 години железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност. затоа што парите се обезбедени, вкупно 165 милиони евра.Додаде дека е комплетиран готовиот проект и дека привршува тендерската постапка за избор на изведувач.Градбата на пругата ќе следува оваа 2021 година.
Слично
