Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денешното задолжување откажано-Што е причината?

Денешното задолжување откажано-Што е причината?

Денешната аукција на државни записи на која државата требаше да побара 813 илјади евра од домашните кредитори е откажана.

Проспектите од страната на Министерството за финансии мистериозно ги снема.

Според објавените податоци,  планирани се аукции на тримесечни државни хартии од вредност во износ од 244 илјади евра, со каматна стапка од 1,60%. И на десетгодишни државни хартии од вредност во вкупен износ од 569 илјади евра, при што едната аукција е со каматна стапка од 3,70% а другата со 3,90%.

Вчера дополнителниот заменик министер Кире Наумов најави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка при работен однос во втор степен, со која ќе го оспори одржувањето на аукцијата поради прекршување на постапката од страна на министерот за финансии Зоран Ставревски.

Притисокот на домашниот пазар расте, а опозицијата и експертите постојано предупредуваат дека а во една ваква политичка констелација важно е државата да се задолжува во износ во кој треба да се раздолжи ден или два по задолжувањето.

Изминативе неколку аукции може да се забележи дека Министерството за финансии ги зголеми каматните стапки за државните хартии од вредност, што економистите го толкуваат како обид да се соберат што е можно повеќе пари од домашните кредитори.

Слично

Поврзани вести