Денешните протести за „Монструм“ поминаа мирно
Роднините и најблиските, како и малолетни деца денеска протестираа мирно а протестот траеше крато и помина без инциденти.
Како и вообичаено така и овој петочен ден толпата по пладневната молитва тргна од џамијата Јаја Паша и се упати кон Владата, но од полициските кордони беше запрена на булеварот меѓу Бит Пазар и трговскиот центар Мавровка и по краток период се разиде.
Организаторите на протестот во кој незадоволството од пресудата на обвинетите за убиството кај Смилковското езеро повторно порачаа да се разерши обвинителката и судијата а министерката Јанкуловска да си даде оставка.
-„Груевски внимавај какво наследство им оставаш на граѓаните, еден ден тој истиот суд и на тебе ќе ти суди, еден ден и за тебе ќе регрутираме заштитени сведоци“ му порача на премиерот Бедри Ајдари додека групата го скандираше името на Ослободителната војска на Косово, а во иконографијата на протестот повторно доминираа знамињата на Република Албанија.
