Денес започнува со работа инвеститорот „Баумер“ со сите привилегии кои му следуваат
Денеска претпладне ќе се одбележи започнувањето со работа на фабриката „Баумер“ во ТИРЗ Скопје 1 во Бунарџик. Странскиот инвеститор ќе произведува инструменти и апарати за мерење, испитување и навигација
На настанот ќе се обрати премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ, Александар Младеновски.
Инвестицијата се простира на вкупна површина од 19.107 метри квадратни, која „Баумер“ ќе ја плаќа по 0,1 евро од квадрат годишно. Државата ќе му исплати помош во висина до 10 отсто од потрошениот износ за набавката на нови машини или за изградба на објектот до 1.000.000 евра.
Договорот за државна помош беше постигнат пред година и пол а на инвеститорот му следува ослободување од плаќање на данок на добивка за период до 10 години, ослободување од плаќање на персонален данок на доход по основ на исплатени плати на вработените за период до 10 години и ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на увозот на добра во ТИРЗ.
На „Баумер“ според договорот му следуваат и царински ослободувања и олеснувања, . ослободување од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште; изземање од обврската за поднесување на гаранција како инструмент за обезбедување на царински долг.
