ДЕНЕС ВО НЕКОГАШНА СФРЈ: Најмали плати во Македонија, најголеми во Словенија
Најголема просечна месечна заработувачка во земјите од некогашната СФРЈ има во Словенија - 1.002,75 евра, а најмала во Македонија - 352,47 евра, пишува турската агенција Анадолија.
Просечната плата во Словенија во јули достигна 1.002,75 евра, што е за 7,11 евра повеќе отколку во јуни. Истовремено, просечната заработувачка во Хрватска во јуни била 728,92 евра и тоа е единствената земја од некогашна Југославија, покрај Словенија, која има просечна плата повисока од 500 евра.
Од државите-потенцијални кандидаткиз а членство во ЕУ, најдобро се заработува во Црна Гора, која во август достигнала просечна плата од 473 евра. Во БиХ просечната заработувачка изнесува 423,87 евра, а во Србија во јули - 381,26 евра.
Македонија е на дното на листата со просек од едвај 352,47 евра. Кога се гледаат и земјите кои не беа во СФРЈ, во близина е и Албанија, но сепак над Македонија. Таму просечната плата во јули била 377,84 евра.
Слично
