Денес во 13 часот студентите ќе го соопштат ставот по вчерашната средба
Автономната Зона на Студентски пленум во 13 часот на Филозофскиот и Филолошкиот факултет, ќе одржи прес конференција на која ќе го соопштат ставот по вчерашната средба со претставниците на владата.
Со силата на аргументите и разумот до промена, гласи нивниот слоган на социјалните мрежи.
Имено на вчерашната дебата присуствувале ректорот Велимир Стојковски, министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, вицепремиерот Зоран Ставревски, претставниците на Студентскиот пленум Стефан Бидиков и Ивана Туфекџиева, како и професорката Гордана Силјановска од Професорскиот пленум и тие разговарале за проблемите со кои во моментов се соочува високото образование.
Денес е десетиот ден од окупацијата на факултетите а студентите и понатаму остануваат на својот став -целосно повелкување на Законот за високо образование и изготвување на нов кој ќе ги исполнува нивните барања и критериуми.

