Денес во 11ч: Заев ќе се сретне со Хојт Ји
Опозицискиот лидер Зоран Заев денеска во Скопје е најавено да оствари средби со заменик помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Хојт Ји. Средбата е закажана за во 11 часот во седиштето на СДСМ.
Ји истакна дека власта треба сериозно да се постави во врска со содржината на прислушуваните разговори, колку што ги зема сериозно обвинувањата против лидерот на опозицијата Заев.
Премиерот и Хојт Ји разговарале и за реформите кои ги спроведува нашата земја во насока на реализација на стратешката цел за европска и евроатланска интеграција и двајцата соговорници се согласиле дека актуелната ситуација во земјата штети на имиџот на државата и изразија уверување дека истите предизвици треба да бидат надминати во што побрз период низ институциите на системот.
Исто така на средбата беше истакната и значајноста од институционалниот дијалог и потребата и приоритетот од активна партиципација во Собранието на сите политички партии.
