Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес средба на преговарачките тимови за медиумите-Рокот е до петок

Денес средба на преговарачките тимови за медиумите-Рокот е до петок

После неколкудневна пауза денес во Клубот на пратеници преговарачите тимови ќе продолжат да разговараат за реформите во медиумската сфера.

Работните групи договор за  Законот за аудио и аудио-визуелни медиуми и Законот за медиуми треба да постигнат до наредниот петок. Официјалниот рок беше пролонгиран од страна на олеснувачот Ванхауте кои им даде дополнително време на партиите.

Како е познато сите тимови ги поднеле своите предлози.

Преговорите закочија кај владините реклами и дефинирањето кои реклами се од јавен интерес.

Како што е познато досега деполитизацијата на Јавниот сервис МРТВ останува во прв план.

Во процесот на договарање на условите за работа на новинарите  побараа и Здружението на новинари и Синдикатот на медиумски работници кои во спротивно најавија бојкот на изборите и непризнавање на договорот.

Слично

Поврзани вести