Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес состанок на работните групи, акцентот ставен на изборниот законик

Денес состанок на работните групи, акцентот ставен на изборниот законик

После две недели одмор, денес во Пржино повторно ќе се сретнат работните групи и претставници на четирите најголеми партии во земјава.

Фокусот на денешната средба ќе биде ставен на изборниот законик и темите повзани со него - прочистување на избирачкиот список, измени во изборната регулатива, составот и мандатот на ДИК, гласањето на дијаспората...

Од опозицијата засега се оптимистично настроени и очекуваат договор на решенија, а оптимизам изрази и премиерот Никола Груевски кој истакна дека ако двете страни бидат конструктивни тогаш брзо ќе се најде решение.

Според договорот од Пржино, во ДИК опозицијата треба да добие поголема улога, а не само претседател како што е сега.

Изборите се договорени за во април, а дотогаш треба да се решат многу барања содржани во извештајот на експертот Прибе.

Слично

Поврзани вести