Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес протести против розовата слика за реалноста на МРТВ

Денес протести против розовата слика за реалноста на МРТВ

Шарената револуција денеска ќе маршира од СЈО до Македонскиот јавен сервис.

Протестите денес ќе бидат во фокусот на непрофесионалното и пристрасно известување кое го практикува Македонската радио телевизија.

Како јавен радиодифузер МРТВ има задача да работи професионално, а не партиски . Меѓутоа, овој јавен сервис е оттуѓен од народот и е слуга на партиските интереси на власта. Заедно со приватните режимски медиуми, МРТВ учествува во демонизирање на критиката и е комплетно посветена на промоција на корумпираниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Со пари на граѓаните креира розова слика за реалноста и го одржува режимот на власт“, стои во повикот на „Протестирам објавен на Фејсбук.

Од #‎Протестирам‬ ‪велат дека ќе и порачаат на МРТВ дека е на  граѓаните, од граѓаните и за граѓаните!

Протести освен во главниот град, денеска ќе има и во Кичево, Кочани, Битола и Струмица.

Слично

Поврзани вести