Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес протест во Скопје, Трендафилов повика на масовно учество

Денес протест во Скопје, Трендафилов повика на масовно учество

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денес со почеток во 12.05 часот во Скопје пред Работничкиот дом, зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, го започнува новиот голем работнички протест за зголемување на работничките плати.

Протестот се предвидува да продолжи по улиците “Филип Втори Македонски”, “11-ти Октомври”, “Димитрие Чуповски”, “Даме Груев”, Булевар “ВМРО” и да заврши на Булевар “Илинден” пред Владата на Република Северна Македонија .

Предвидено е запирање пред Собранието на Република Македонија, пред Стопанската комора и пред Владата на Македонија каде ССМ и работниците ќе ги испратат главните пораки.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, уште еднап порача дека платите не ги следат реалните трошоци на животот и на социјалните мрежи денес повика на масовна излезност.

„И покрај сите аргументи за зголемување на платите кои ССМ ги истакна на Собранието, Владата и Работодавачите, истите наместо барање на вистински решенија кои би означувале исполнување на очекувањата на работниците за зголемување на минималната плата и на сите останати плати онака како што побара од нив и Сојузот на Синдикатите на Македонија одлучија да молчат и да ги игнорираат барањата на работниците, предизвикувајќи уште поголем револт кој ќе биде покажан за време на работничкиот протест, затоа што е јасно дека повеќе нема страв и дека кога Владата и газдите не слушаат, тогаш работниците и синдикатите ќе зборуваат на улица“, порачаа од ССМ.


Слично

Поврзани вести