Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕНЕС НОВА СЕДНИЦА: Ќе се изберат уште седуммина јавни обвинители?

ДЕНЕС НОВА СЕДНИЦА: Ќе се изберат уште седуммина јавни обвинители?

Во текот на денешниот ден е предвидено да се одржи седница на Советот на јавни обвинители на која е можно да биде изберен целосниот тим на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Седумте обвинители кои се дел од тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева вчера не дојдоа да положат свечена заклетва во Советот на јавни обвинители.

Тие го послушаа повикот на Јанева која ги повика да не положуваат заклетва, бидејќи Советот го преполови тимот кој обвинителката го предложи за работа и наместо 14  беа изберени само 7 обвинители.

Меѓутоа, Петар Аневски, претседателот на Советот на обвинители утрово добил  допис од министерот за правда Аднан Јашари и прилог од четирите најголеми политички партии во кој се бара да се изберат и преостанатите седум обвинители.

Од страна на Советот, барањето да се изберат и останатите седум обвинители е оценето како политички притисок.

Дали ќе бидат изберени и другите обвинители ќе се дознае утре на седницата на Советот.

Да се потсетиме дека пред само пет дена тимот кој Јавната обвинителка Катица го предложибеше преполовен од Советот на ЈО и беа изберени само седум обвинители.

„Прекршен е договорот“ вака обвинителката Катица Јанева ја дочека одлуката да работи со преполовен тим .

Што се однесува до финансискиот план тој е одобрен од  Специјалното јавно обвинителство.

Слично

Поврзани вести