ДЕНЕС: На академско тло ќе се дебатира за барањата на студентите
МОН, УКИМ и претставници од двата пленума Студентскиот и Професорскиот денеска ќе се сретнат на преговори во кампусот на УКИМ .
Средбата е закажана за во 16 часот а работните групи ќе преговараат за барањата на студентите да се повлечат целосно законските измени за високото образование.
Денеска е деветиот ден откако студентите немаат предавања, ја бојкотираат наставата и прогласија автономни зони на повеќе факултети во главниот град, спијат на факултетите со денови и добиваат поддшка изразена преку храна, кебиња и пијалоци од граѓаните.
Тие поддршката ја добија и од колегите од Техничките факултети во Битола и од студентките на УГД Штип.
Универзитетите остануваат под окупација се додека не се реши проблемот. И за овој девети автономен ден во зоната на пленумот се организираат разни настани, дебати и предавања од страна на студентите.
