Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес ќе се одлучува: Што по царинските забрани од Косово?

Денес ќе се одлучува: Што по царинските забрани од Косово?

Надлежните денеска ќе решаваат какви чекори ќе преземат откако Косово воведе реципрочна мерка за Македонија за  воведувањето забрана за увоз на рибен подмладок и икра од таа земја.

Ќе се одлучува на средбата на министрите за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство Крешник Бектеши и Трајан Димковски со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.

Ова викендов на прес-конференција во Владата го најави министерот Димковски. 

Тој, во одговор на новинарско прашање дали ќе следи трговска војна со Косово, нагласи дека нема експлицитна забрана за увоз од Косово и додаде оти во земјава може да се увезува свежа косовска риба, но не и рибен подмладок и икра поради фактот што не спроведуваат мониторинг.

Слично

Поврзани вести