Денес ќе се констатира оставката на Ставрески а ќе се гласа за негов наследник
Денеска во Собранието пратениците ќе ја констатираат оставката на вицепремиерот Зоран Ставрески кој вчера од здравствени причини реши да се повлече од министерската позиција.
На неговото место во министерското финансиско столче ќе седне Кирил Миновски.
Од заменик министерската функција денеска на собраниеска седница ќе биде разрешена и Драгана Кипријанова, а на нејзино место доаѓа Илија Исајловски.
Кирил Миновски го наследува Зоран Ставрески во најчуствителните политичко – економски прилики во земјава. Земјава, преку финасии континуирано се задолжува на домашниот пазар, но и на меѓународниот..Последната најава за нови задолжувања ја даде лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој навести дека Владата ќе се задолжува со еврообврзница, но сеуште не е позната сумата и деталите. Груевски изјави дека при ланското задолжување, СДСМ ја блокирала еврообврзницата од 500 милиони евра. Со оглед на тоа што тогаш владата позајми 270 милиони евра, според очекувањата сега вредноста на задолжувањето веројатно би изнесувала 230 милиони евра.
Кирил Миновски на јавноста и стана познат откако беше назначен за директор на Државниот пазарен инспекторат, каде останува околу година и пол (од мај 2014 до ноември 2015). Од пазарната иснпекција, Миновски преминува на челната позиција во Управата за јавни приходи, наследувајќи го Горан Трајковски. Во УЈП, Миновски останува нецела година.
