Денес избегнувајте да патувате кон Грција-Преминот Меџитлија е затворен!
Поради штрајк на грчките земјоделци граничниот премин Меџитлија – Ники и граничниот премин „Дојрани“ кон Грција денеска ќе бидат затворени.
Затоа доколку викендов планиравте да патувате кон нашиот јужен сосед тогаш откажете се .
Премините ќе бидат затворени од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот.
Земјоделците со бројни машини и трактори ќе го блокираат преминот.
Синдикатите кои ги претставуваат групите на различни професии-адвокати, лекари, полиција и рибари-веќе со денови протестираат против реформата, додека земјоделците со повеќе од илјада трактори ги блокираат автопатиштата ширум Грција.
Вработените во грчките државни болници накратко се судрија во втрникот со полицијата пред министерството за финансии во Атина, а илјадници работници учествувале во два мирни марша синоќа до зградата на парламентот, во организација на синдикатите на државните чиновници и една комунистичка организација.
Земјоделските здруженија во централна Грција гласале за интензивирање на штрајкот со секојдневна блокада на автопатиштата и пристаништата по четири часа, а здруженијатра во јужна и северна Грција размислуваат за слична акција.
Одгледувачите на цвеќиња го запреле сообраќајот на една наплатна рампа северно од Атина, а инжинерите во Солун употребиле гипсени плочи за да го блокираат влезот во зградата на еден пензиски фонд.
