Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

Дадовме одговор на сите маниупулации со кои беа оптоварувани граѓаните и нивниот животен стандард. Ова го напиша поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи, кој преку својот профил на Фејсбук порача дека благодарение на Законот за нефер трговски практики, донесен во време кога СДСМ беше на власт, ќе донесе поевтинување на над две илјади производи. 

- Денес имаме причина да се гордееме! Законот за нефер трговски практики, кој беше подготвен од СДСМ, стапува на сила, ќе поевтинат над 2.500 производи!

Овој закон не е празна декларација, тој е конкретна мерка која ќе го заштити буџетот на граѓаните и ќе го намали самоволието на трговците и добавувачите.

Дадовме системски одговор на сите манипулации со кои беа оптоварувани граѓаните, а со тоа и нивниот животен стандард. Придобивките се јасни: поквалитетни и поевтини производи на пазарот, транспарентни деловни практики и крај на ситуацијата во која потрошувачите се принудени да плаќаат повисоки цени поради нечесни договори и шпекулации - напиша Битиќи. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести