Денес има повеќе од 2.200 заразени со коронавирусот во Србија
Повторно расте бројот на заразени во Србија. Во земјата денес има повеќе од 2.200 новозаразени со коронавирусот.
За 24 часа регистрирани се 2.216 случаи, а починаа осум пациенти. На респиратори се 44 пациенти, а во болница се лекуваат 1.007 лица. Од почетокот на пандемијата во Србија се регистрирани 746.366 случаи со овој вирус, а тестирани се 4.931.082 лица. Досега починаа 7.226 луѓе. Процентот на смртност е 0,97 отсто.
Премиерката Ана Брнабиќ ја поддржува мерката за задолжителна вакцинација на здравствените работници.
Слично
