ДЕНЕС ГЛАСААТ: Зошто во Мостар цели 12 години немаше избори?
По цели 12 години во босанскиот град Мостар денеска има избори.
По 12 години прв пат граѓаните избираат нова локална власт во градот, што е симбол на длабоки етнички поделби во БиХ, 25 години по војната. Како што потврдија за Хина во Градскиот изборен штаб, сите 150 избирачки места се отворени на време, а нешто повеќе од 100.000 гласачи ќе можат да гласаат до 19 часот. Граѓаните на Мостар избираат 35 советници во Градскиот совет од 370 кандидати, од кој посредно се бира нов градоначалник.
Мостар има можност да избере нова локална влада откако водечките хрватски и бошњачки политичари, лидерите на ХДЗ БиХ и СДА, Драган Човиќ и Бакир Изетбеговиќ се согласија за измените на законот за избори во градот.
Изборите ги следат 1.717 набудувачи, а првите резултати се очекуваат во 21 часот.Проблемите со изборите во Мостар започнаа по апелацијата на хрватските партии, кои тврдеа дека гласањето на Бошњаците вреди повеќе од гласањето на Хрватите на локалните избори. Тужбата беше прифатена и дел од Статутот на градот, наметнат од високиот претставник Педи Ешдаун, беше укинат.
Хрватските и бошњачките политички партии не успеаја да постигнат договор. Тие не се согласија дури и откако Ирма Баралија од Наша странка ја доби тужбата против БиХ во Европскиот суд за човекови права во Стразбур бидејќи, како што изјави во тужбата, немала можност да гласа на локалните избори во Мостар.
Придонесот на Баралија е дека пресудата на судот во Стразбур ја интересира меѓународната заедница, поточно ЕУ и САД, да се вклучат во процесот.
За време на војната во БиХ, Хрватите го населија западниот, а Бошњаците источниот дел на градот и тој денес има две пошти, две компании за снабдување со струја и вода, две телефонски мрежи и две јавни болници и сето тоа во лоша состојба.
