Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес државата треба да исплати 150 милиони евра за еврообврзницата од 2005

Денес државата треба да исплати 150 милиони евра за еврообврзницата од 2005

Доспева за плаќање 10-годишната еврообврзница што е издадена во 2005 година, во износ од 150 милиони евра и за истата денес ќе се платат уште 6 милиони евра камата.

Досега за таа еврообврзница се платени 69 милиони евра камата.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески тоа е значителен износ на пари, а обврска на секоја влада е навремено сервисрање на обврската и навремено раздолжување.

„Тоа се обврски кои ги направила една влада и секоја следна влада којашто се однесува одговорно и сериозно мора да ги сервисира тие обврски, да им ги врати парите на инвеститорите кои тогаш ја запишале таа еврообврзница“, посочува Ставрески.

По основ на камати од почеток на отплатата до денес се исплатени 69,375 милиони евра, или вкупно заедно со главнината 219 милиони евра.

 
Слично

Поврзани вести