ДЕНЕС: Девет градови ширум земјава се креваат на протести
„Стоп на полициска брутално“ е групата на Фејсбук во која градовите ширум Македонијава се огранизираат за кревање на протести.
Протестите започнаа во вторникот откако опозицискта СДСМ објави детали поврзани со убиството на младиот Мартин Нешковски , во кои како што тврди опозицијата , се криеле детали за убиството.
Денес е четврт ден на протестите во Скопје.
Илјадници граѓани во претходните денови излегоа на улиците во Скопје да го искажат револтот, барајќи правдата за Мартин Нешковски да биде целосно задоволена тие бараа оставки од надлежните и министерката за внтрешни работи.
После вторничките протести кои ескалираа , вчера полициските кордони забранија припарување до владата, од каде протестантите се упатија кон Јавното Обвинителство, но и таму иста глетка при што протестантите беа приморани да се пренасочат кон Собрание.
Низ медиумите постојано се повеќе се шират информации за забележани инфилтрирани провокатори кои се обидуваат да предизвикаат немири на најавените мирни протести.
За денес се најавени протести во неколку градови.
Ќе се протестира во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Куманово, Охрид, Штип и Свети Николе .
- Скопје: https://www.facebook.com/events/839590932793998/ - Битола: https://www.facebook.com/events/1584504655144214/ - Прилеп: https://www.facebook.com/events/1079840415364022/ - Струмица:https://www.facebook.com/events/616372898496919/ - Кавадарци:https://www.facebook.com/events/1616613558596060/ - Куманово:https://www.facebook.com/events/545151308958522/ - Охрид: https://www.facebook.com/events/819149418168702/ - Штип: https://www.facebook.com/events/970391456335070/ - Свети Николе: https://www.facebook.com/events/1126666320692855/
Организаторите на протестите повикуваат на мирно искажување на револтот без инциденти. Доколу бидат забележани провокатори на истите да им се укаже да го напуштат протестот.
