Денес „бомба“ и марш на СДСМ од Охрид
Опозициската СДСМ денеска, во рамки на проектот „Вистината за Македонија“ ќе презентира нова политичка „бомба“ на која ќе бидат објавени нови наводно прислушувани разговори.
Според најавите разговорите ќе се однесуваат на Охрид и, главно, ќе бидат поврзани со случувања од локалните избори, по примерот на еден веќе обелоденет разговор, во кој се бара отстранување, односно приведување на опозициски активист.
Прес конференцијата ќе се одржува во хотелот „Ривиера“ и е закажана за во 14 часот, а ќе биде организирана и протестен марш низ градот.
Слично
