Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дендијас: Грција го поддржува она што се нарекува ‘Солунска агенда’, што значи влез на Западниот Балкан во ЕУ

Дендијас: Грција го поддржува она што се нарекува ‘Солунска агенда’, што значи влез на Западниот Балкан во ЕУ

Mинистерот за национална одбрана на Грција Никос Дендијас, вели дека за стабилноста, мирот на Балканот, апсолутно неопходен предуслов е влезот на државите од Западен Балкан во Европската Унија(ЕУ). 

Тој одржа говор пред припадниците на грчкиот контингент на КФОР во Косово, а во обраќањето се осврна и на регионот и европската перспектива, јави дописничката на МИА од Атина.

„Како што знаете, нашата татковина, Грција, веќе децении го поддржува она што се нарекува ‘Солунска агенда’, што значи влез на Западниот Балкан во Европската Унија, во европското семејство. И ова е дипломатска цел што нашата татковина ја поддржува независно од владите, независно од партиите, независно од министрите. Сметаме дека стабилноста, мирот на Балканот, како апсолутно неопходен предуслов го имаат влезот на државите од Западен Балкан во Европската Унија“, рече Дендијас.

Тој додаде дека грчките војници со нивното присуство таму овозможуваат „да има безбедност, да има мир, да има стабилност, нешто што е апсолутно неопходно, а „Солунската агенда“ нема никакво значење без ова“.

Во домашен контекст, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера посочи дека Македонија ќе ги исполнува критериумите за ЕУ, но и Брисел треба да го реформира приемот на нови членки.

фото МИА

Слично

Поврзани вести