Дендиас: Последна работа што му треба на Балканот е промена на границите
За Грција е опасно да се споменува промена на границите на Балканот.
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас вели дека такво нешто не му треба на регионот. Според него, пристапниот процес на Западен Балкан е многу голем и тежок обид. Тој вели дека е потребна огромна внимателност во регионот за да не се предизвикаат други неконтролирани ситуации.
„Последна работа што му треба на Балканот е размислувања за промена на границите. Балканот е нестабилен регион, особено Западен Балкан“, рече Дендиас.
Изјави дека „Балканот е чуден регион”, но и додаде дека не верува дека на кој било начин нон пејперот потекнува од некоја држава, шеф на држава или влада на некоја балканска држава.
Советот на ЕУ не дозволува објавување на нон-пејперот за прекројување на границите во регионот.
САД и ЕУ се против промена на границите во регионот.
