Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ден на жалост во Македонија – се бараат одговори за хеликоптерската несреќа

Ден на жалост во Македонија – се бараат одговори за хеликоптерската несреќа
Во Македонија денеска е прогласен ден на жалост заради хеликоптерската несреќа во Струмица, во која животот го загубија четворица пилоти на МВР. Пилотот Мрјан Трајковиќ беше погребан вчера во неговото родно Куманово, додека денеска во Скопје ќе бидат погребани неговите колеги  Драги Мицев, Тоде Орешков и Иљо Лопатички. Четворицата пилоти, со повеќедецинско искуство, загинаа откако хеликоптерот во кој биле удрил во антена висока 120 метри. Причините за несреќата сé уште се утврдуваат. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во петокот изјави дека леталото било редовно сервисирано и дека се пронајдени црните кутии кои ќе бидат предадени на вештачење на производителот. Двете црни кутии најверојатно ќе бидат испратени во Казан, каде што се наоѓа седиштето на фабриката за производство на хеликоптерите МИ-17. Таму, со софистицирана опрема ќе се преслушаат последните минути пред кобната несреќа, кои треба да дадат одговор за причините за катастрофата. И при несреќата кај Блаце во 2008 година, во која загинаа 11 припадници на АРМ, при уривање хеликоптер од истиот тип – „МИ17“ , црните кутии беа испратени во Русија.
Слично

Поврзани вести