Ден на жалост во Македонија, прогласена кризна состојба
Македонската влада го прогласи 8 август за Ден на жалост.
На вонредна седница владата прогласи кризна состојба во регионот на Скопје и Тетово, кои се погодени од невремето, во траење од 15 дена..Владата соопшти, дека е донесена одлука за доделување на паричен надомест од 300 илјади денари за семејствата на починатите граѓани..
Во страшното невреме кое завчера вечер го зафати Скопје, починаа 21 лице. Невремето нанесе огромна материјална штета, оштетени се куќи, улици и автомобили..Во Скопје и синоќа врнеше дожд, пропратен со грмотевици, но со многу послаб интензитет од завчера.
Објавени имињата на жртвите во поплавите
Во поплавите во Скопје и околината синоќа настрадаа 21 лице.
Жртвите се од различни возрасни групи. Најмлад загинат е двегодишниот Енес Мустафа од Ченто.
Листата на загинатите која ја објави Телма:
Иднетична состојба и во селото Стајковци. Армијата со механизација им помага на жителите да се справат со водата и калта во нивните домови. Црвениот крст на терен носи чиста вода за пиење.
Селото Смилковци е исто така во лоша состојба. Речиси и нема куќа која не претрпела голема штета.
И селото Црешево настрада од невремето. Мештаните велат дека вакво невреме никогаш немало.
Сите бегаат од одговорност
Надлежните власти не чуствуваат одговорност за поплавите и изгубените човечки животи. Жалат за елементарната непогода..Тврдат се работи за природен феномен и стихија која човечкиот фактор не може да ја реши..Скопскиот градоначалник Коце Трајановски вели дека не постои канализациска мрежа која би можела да ја издржи надојдената вода. Министерот за здраство Никола Тодоров смета дека наместо одговорност во овој момент потребна е помош во поплавените подрачја.
Телевизија Алсат М, вчера пренесе видео материјал во кој градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и на Гази Баба Тони Трајковски беа дочекани од месното население со свирежи при посетата на Ченто, но и набркани..
И.М
- Бајрам Мустафа (роден 1949 г.) и Енес Мустафа (роден 2014 г.), Ченто, дедо и внук
- Катерина Митрова (родена 1933 г.) Ченто
- Славка Илиќ (родена 1956 г.) и Томислав Илиќ (роден 1950 г.) Ченто-Економија, маж и сопруга
- Ѓилмез Мухареми (родена 1940 г.) Ченто
- Мурат Саити (роден 1957 г.) Ченто
- Марина Велиновска (родена 1977 г.) и Јован Велиновски, Крива Паланка
- Земрије Синани (родена 1985 г.) Ченто
- Наде Илиевска (родена 1955 г.) Стајковци
- Блага Јовевска (родена 1941 г.) Смилковци
- Фуркан Фејзулаху (роден 1987 г.) Ченто
- Мирко Митковски (роден 1949 г.) и Сашо Митковски (роден 1971 г.) Црешево
- Ќазим Исени (роден 1933 г.) Ченто
- Љубица Димчевска (родена 1935 г.) Црешево
- Убавка Јовевска (родена 1965 г.) Стајковци
- Жаклина Божиновска (родена 1973 г.) Куманово
- Достана Димитриевска (родена 1974 г.) Тетово

Слично