Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕН НА ДРВОТО: Министерот за транспорт и врски засади дрвја во населбата каде што живее

ДЕН НА ДРВОТО: Министерот за транспорт и врски засади дрвја во населбата каде што живее
Владините министри од утрово се вклучени во акцијата Ден на дрвото, во рамките на која треба да се засадат околу пет милиони садници. Акцијата се одржува по 14-ти пат во Македонија, а се пошумуваат преку 1.000 хектари во цела Македонија. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески си засади дрвја во Ново Лисиче, во населбата каде што живее. „Ова е една добра акција се со цел да се поттикне заштитата на животната средна и да се засадат што е можно повеќе дрвја. Денеска во населбата во која што живеам, во Ново Лисиче, засадив неколку дрвја“, рече Јанакиески, кој засадуваше покрај булевраот „Февруарски поход“. Акцијата се организира седма година по ред, а годинава е под мотото „Стоп за катастрофите“.    
Слично

Поврзани вести