Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демонстрации во три држави против ударите на Турција над курдските бунтовници

Демонстрации во три држави против ударите на Турција над курдските бунтовници

Стотици демонстранти излегоа на улиците на Анкара, за да протестираат против активностите на турската влада. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, приведени се околу 30 лица.

Во ирачките градови Сулејман и Арбил исто така имаше демонстрации против турските воздушни напади на цели на курдските бунтовници.

Во Париз стотици Курди исто така се собраа да изразат незадоволство од смртоносниот напад во турскиот пограничен град Суруч како и од бомбардирањето на позиции на „ПКК“.

„Турција игра двојна игра. Се обидува да ја убеди меѓународната заедница дека се бори со „Исламска држава“, но во реалноста ги бомбардира Курдите“, смета Салех Мустафа.

Претходно беше објавено дека двајца турски војници загинаа, а четворица се повредени во експлозија на автомобил-бомба и импровизирана експлозивна направа во близина на југоисточниот град Дијарбакир. Според властите нападите се дело на курдската екстремистичка група „ПКК“.

Турските вооружени сили спроведуваат третина бран воздушни напади и копнени напади врз цели на „Исламска држава“ во Сирија, и позиции на курдските бунтовници во северен Ирак. Со вклучувањето во кампањата на целите на „ПКК“ се загрозува примирјето договорено во 2013 кое се почитувало до моментов, забележуваат експертите.

Според премиерот Ахмет Давутоглу целта е кампања против „сите терористички организации“. „Добро сме запознаени со терористичката соработка помеѓу „ПКК“ и „Исламската држава“, што се забележува во последно време. И двете организации ги користат истите бази и планираат напади врз Турција. Затоа нашите операции ќе продолжат додека не го уништиме сето нивно оружје“, изјавил Давутоглу.

САД ги осудија нападите на Анкара против курдските бунтовници. Според американски дипломат проширувањето на кампањата е еднолична одлука на Турција и не е договорено со Вашингтон во рамките на засилената офанзива против „Исламска држава“.

Германскиот министер за одбрана, Урсула фон дер Лаиен исто така се подложи на критика за ударите на турски борбени авиони во кампови на Курдската работничка партија во северен Ирак. Турција има право да се брани од „Исламска држава“, но важно е да продолжи по патот на помирувањето со „ПКК“, изјавил министерот во интервју за неделното издание на весникот „Билд“.

Според Анкара кампањата против џихадистите ќе доведе до поделби на „безбедни зони“ во многу делови на Северна Сирија: Секогаш сме дејствувале така што требало да увезуваме стабилност и во двете држави, бидејќи за нас тие се делови од истата слика. Треба да има безбедни зони и забранети зони во Сирија. Секогаш сме истакнувале дека одлуката на сирискиот проблем е политичка. Решение без претседателот Асад, изјавил турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Слично

Поврзани вести