Демонстрантот кој беше уапсен вчера е на слобода-одземена е боја и гуми од чаталот
Синоќа по завршувањето на протестот на движењето „Протестирам“ беше приведен возачот на возилото од кое се пушта музика за време на протестите на Шарената револуција.
Тој без објаснување од плицијата бил повикан на распит, а според информациите на Шарената револуција ноќеска е пуштен на слобода и против него нема никаква кривична пријава.
Се додава дека е одземена боја и буми за чаталот кои се наоѓале во комбето.
„Она што се случува вечерва е нешто што се случува во континуитет во изминатиот период, посебно откако се врати на министерското место Митко Чавков.
Ова е доказ за сите нас, од опозицијата, но и за сите граѓани во Република Македонија, дека режимот на ВМРО-ДПМНЕ е дефинитивно во пад и дека е во голема паника.
Јас веднаш по завршување на седницата на Собранието денеска, заедно со моите колеги, се приклучивна протестот на Шарената револуција.
По завршувањето забележав дека човекот којшто беше возач на возилото, пикап-от, популарниот пик-ап на Шарената револуција, беше застанат од полицијата.
Јас се најдов на лице место таму. На возачот воопшто не му беше покажан никаков налог,
немаше никакво објаснување зошто е приведен, односно повикан на разговор во полиција.
Прво го држеа буквално на улица по што беше донесен тука, во полициска станица, заедно со автомобилот на шарената револуција којшто се движи неколку недели напред, на секој протест.
Се уште немаме информација што се случува. Еве повеќе од два часа сме пред полициската станица. Граѓаните се собраа но немаме информација што се случува внатре“, изјави пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев.
