Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демонстрантите за „Монструм“ пред суд – тврдат дека не фрлале со камења на полицијата

Демонстрантите за „Монструм“ пред суд – тврдат дека не фрлале со камења на полицијата
„Не фрлавме со камења на полицајците, туку се обидувавме да си го одбраниме овошјето на тезгите“ - вака се бранеа дел од осумте обвинети за инцидентите на протестите во врска со пресудата во случајот „Монструм“, кои се осомничени дека со камења и други предмети повредиле 20 полицајци. На денешното прво рочиште, дел од обвинетите потврдија дека биле во толпата, но негираат дека фрлале предмети кон полицајците, а останатите во целост ги отфрлија обвинувањата дека учествувале во протестот, туку тврдеа дека биле на кафе во близина кога се случиле инцидентите. "Мојот обвинет не се наоѓал на барикадите кои беа пред судовите. Точно е дека се наоѓал во групата, но мирно протестирал, како и останатите, на што има право согласно уставното загарантирано право", изјави адвокатот Асмир Алиспаиќ, кој смета дека Обвинителството нема докази за обвинетите, туку дека тие се уапсени само за да се смири јавноста. Според обвинителниот акт, обвинетите биле дел од поголема група граѓани кои на 4 јули протестираа пред судовите и со камења и со тврди предмети ги оштетија фасадите на зградите и повредија полициски службеници. Основниот суд Скопје 1 и Скопје 2 побараа отштета за уништените фасади - 43 илјади денари за штета направена на Кривичниот и 1,5 милиони денари за Граѓанскиот суд. Сумата за Граќанскиот суд е голема, оти обиле оштетени 40 прозорци на зградата, кои биле многу скапи. Судењето прдолжува утре.
Слично

Поврзани вести