Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демонстрантите за „Монструм“ добија по три години затвор

Демонстрантите за „Монструм“ добија по три години затвор
Затворски казни во траење од по три години добија шестмина учесници во насилните протести против пресудата за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Судот одлучи дека тие се одговорни за учество во толпа која сторила кривично дело. Еден од обвинетите доби ослободителна пресуда, додека за еден обвинителството се откажа од гонењето. Осудените, освен затворската казна, ќе мора солидарно да ја надоместат штетата на двете судски згради предизвикана во протестите, а која изнесува 26 илјади евра. Покрај предизвиканата материјална штета со каменување на судовите, во протестите беа повредени и 20-тина полицајци.
Слично

Поврзани вести