Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демонстрантите вечерва и пред Агенцијата за медиуми

Демонстрантите вечерва и пред Агенцијата за медиуми

Демонстрантите од „Протестирам“  и вечерва поминаа покрај седиштето на ЕУ и се упатија кон Агенцијата за медиуми.

Тие бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО. Потоа,  итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе. И вечерва се протестира во повеќе градови во државата.

Во меѓувреме стигнуваат најави за санкции кон Македонија и политичарите.

Слично

Поврзани вести