Сите сме дел од промената – порачаа демонстрантите
На протестот пред Владата се обрати активистот Павле Богоевски кој вчера беше приведен, па пуштен, и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.
„Пак дојдовме! Но не сме само ние што сме тука 15 илјади луѓе, има многу повеќе кои се со нас. Сите сме дел од промената. Гласот на граѓаните мора да важи. И тоа не само на улица и Собрание, туку во сите процеси што се од јавен интерес. Сите граѓански здруженија, кои го кренаа гласот против ова злосторничко здружение ќе продолжат заедно“ – вели Богоевски.
Излезот од кризата е еден, оние кои краделе треба да одговараат, изјави Радмила Шекеринска на протестот пред Владата.
Присутно е и највисокото партиско раководство на СДСМ, Зоран Заев, Оливер Спасовски и други.
Претходно беа запалени пари со ликот на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој се товари за злоупотреба со училишен превоз.
Барањата на „Шарената револуција“ не беа исполнети до 18 јуни, рокот кој тие го испорачаа до власта.
