Демонстрантите тргнаа кон Министерството за финансии
Демонстрантите од „Шарената револуција“ од пред СЈО тргнаа кон Министерството за финансии.
Вечерва се протестира поради задолжувањето на државата и намерата на власта да издаде еврообрзница од 650 милиони евра.
„Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално. Нема да дозволиме! Не ги признаваме долговите на расипниците!“ -стои во повикот за вечерашните протести на „Шарената револуција“.
„1.1 милијарди причини за крај” е главното мото на протестот.
Граѓаните носат транспаренти на кои пишува „Новата обврзница обврзува на протест“.
Во меѓувреме од Министерството за финансии веќе бараат кредитори за еврообврзницата.
Слично
