Демонстрантите спречени од полициски кордон да пристапат кон МВР
Демонстрантите беа спречени од кордон полиција да стасаат до МВР.
Тие денеска низ центарот на Скопје со пароли „Оставка“, бараат- Правда за Мартин, порачаа дека Македонија мора да стане земја во која ќе има правда за сите.
Во моментов толпата е пред зградата во која живее премиерот Груевски и го повикуваат да излезе надвор.
Меѓу демонстрантите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Поворката, која брои на стотина луѓе, ја предводи братот на Мартин, Александар Нешковски и неговата мајка.
„Целата ситуација затаи од врвот на власта, зато и беа поднесени тие тужби вчера, по 4 години, и нередите кои се случија на протестите на 5. мај се последица на нефункционалноста на институциите“, рече Александар Нешковски.
Според невладините организации 4 години по смртта случајот за убиството на Мартин се уште нема целосна разрешница, затоа е потребно правдата да ја бараат пред судот за човекови права во Стразбур.
фото Радиомоф
Слично
