Демонстрантите спречени да се приближат до штабот на ВМРО-ДПМНЕ
Демонстрантите се упатија кон централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде има силно полициско обезбедување.
Граѓаните беа спречени во намерата да се доближат до зградата на главниот штаб на владејачката партија. Засега не се знае до кога ќе трае протестот, но според информациите од социјалните мрежи, демонстрантите ќе продолжат кон резиденцијата на претседателот Иванов на Водно.
Протестот почна околу 18 часот, кога граѓаните се собраа пред зградата на СЈО во знак на поддршка на обвинителството, а потоа продолжија кон народната канцеларија на Иванов револтирани од неговата одлука за аболиција.
Слично

