Демонстрантите со акцент на изборните нерегуларности
Демонстрантите од „Протестирам“ вечерва на протестот акцентот го ставија на изборниот криминал и нерегуларности.
Тие бараат одржување на фер и демократски избори како услов за демократизација на институциите и затоа ќе се упатат да протестираат пред Државната изборна комисија. Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере им се приклучи на демонстрантите и вели дека претседателот Ѓорге Иванов мора да ја повлече одлуката за аболиција, за СЈО да може да ја изврши својата задача. Според него, невозможно е да се одржат избори во ваква ситуација, затоа што треба да се реализираат реформи, меѓу кои се и регулацијата на медиумите.
Протести се најавени во повеќе градови, а собири вечерва во девет градови ќе има и ГДОМ.
