Демонстрантите си заминаа од пред Влада, заврши 13-от протест
Демонстрантите си заминаа од пред Владата, со што заврши 13-от протест на здружението „Протестирам“.
Протестот помина мирно, освен што присутните фрлаа боја врз Министерството за правда и канцеларијата на Иванов. Тие не се откажуваат од своите барања. Бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на сите лица поврзани со истрагите за предметите на Специјалното јавно обвинителство. Барањата се и оставка на претседателот Иванов, одложување на изборите на 5 јуни и формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите на СЈО.
Се протестираше и во Велес, Битола, Прилеп, Кичево, Охрид, Струмица, Радовиш и Тетово.
Слично
