Економија, финансии, бизнис

Контакт

Демонстрантите си заминаа од пред Влада, но не отстапуваат од барањата

Демонстрантите си заминаа од пред Влада, но не отстапуваат од барањата

Демонстрантите од „Протестирам'  и вечерва протестот го завршија пред Владата, но не отстапуваат од своите барања.

Тие бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

По празниците 1 Мај и Велигден се протестираше во повеќе градови. Граѓаните вечерва фрлаа боја врз Кривичниот суд, а пред присутните се обрати Елена, мајката на притворениот студент Бојан Ефремов. Таа на родителите им порача дека нема од што да се плашат и ги охрабри да се приклучат на протестите.

Слично

Поврзани вести