Демонстрантите се упатија кон Уставен суд
„Дојди и приклучи се“ извикуваат протестантите кои и вечерва излегоа во главниот град.
Според информации од терен тие во моментов се движат кон Уставен суд преку мостот Гоце Делчев.
Како што досега многупати објавивме протестите ги предизвика одлуката на претседателот Ѓорге Иванов кој реши да помилува политичари од власта и опозицијата за кои се поведени постапки во аферата „прислушување“.
Од движењето „Протестирам“ кое е организатор на протестите бараат:
- Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО); - Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија; - Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО; - Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО; - Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни; - Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата; - Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија; - Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.
До исполнување на барањата,велат дека наивната политичка борба останува на улиците и порачуваат „Нема правда, нема мир!“
